Изгаснат пожарот во зградата на СЕП, Министерството за животна средина и МИА – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/20 9:13 AM

Изгаснат пожарот во зградата на СЕП, Министерството за животна средина и МИА

Пожарникарите го изгаснаа пожарот што рано утринава избувна во зградата, стара Комерцијална банка, каде што сега се сместени повеќе државни институции и МИА.

Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека на лице места пристигнале во 7.55 минути а пожарот е локализиран во 8.50 часот.

– Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем, изјави Симоновски. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе, изјави Симоновски.

Причина за пожарот, според првичните проценки на Симоновски, е електрична инсталација,зошто во овој период не може да стане збор за грејни тела.

Нема повредени вработени, поголем дел од нив се уште не биле пристигнати на своите работни места , но при интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала Екипа на брза помош. Пожарникарот е во стабилна состојба.

Според Симовски, првичните проценки кажуваат дека со пожарот биле зафатени шест простотии.