За да имате силен имунитет неопходно е да јадете здраво, а можете да се послужите и со мали трикови од сопствената кујна.
Ви откриваме како сами да го направите овој моќен напиток за зајакнување на имунитетот:
Состојки:
– 700 мл јаболков оцет
– 1/4 шолја сецкан лук
– 1/4 шолја ситно сецкан карамелизиран кромид
– 2 свежи пиперки (лути)
– 1/4 шолја свеж ѓумбир,
– 2 лажици свеж рен,
– 2 лажици куркума.
Подготовка:
Сите состојки освен оцетот, помешајте ги во чинија. Помешајте ја смесата и ставете ја во поголема тегла. Прелијте ја смесата со оцетот. Затворете ја добро теглата и добро промучкајте. Држете ја теглата на суво и ладно место 2 недели. По две недели, процедете ја смесата, најдобро е да користите газа.
Начин на консумирање:
Една лажица од овој напиток дневно е доволна за да го подобри вашиот имунитет, но бидете внимателни бидејќи е прилично лут.
Превземено од: Денар