Од утре постепено затоплување, следната недела и до 35 степени – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/18 10:36 AM

Од утре постепено затоплување, следната недела и до 35 степени

Потопло време со сончеви периоди, но и локален пороен дожд, грмежи и ветер, најавува од утре Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а  дневната од 15 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

И во сабота времето ќе биде потопло, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде посочнево, претежно стабилно и топло, во некои денови од следната седмица и до 35 степени.