МВР со детали за сообраќајната незгода на „ Партизанска“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/20 2:46 PM

МВР со детали за сообраќајната незгода на „ Партизанска“

На 08.09.2020 во 07.00 часот на крстосница од бул. „Партизански одреди“ и бул. „8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(47) од с.Гарани, кичевско и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(36) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се здобиле возачот на патничкото возило С.И. и сопатниците во истото возило Б.В.(33) од с.Врановци, гостиварско и В.Д.(21) од с.Арачиново, скопско. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило, М.Х.(32)од с.Врапчиште, гостиварско и С.Б.(47) од с.Брњарци, скопско. И тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

фото : Twitter