Владината програма по повод одбележувањето на Денот на независноста на нашата татковина започна со оддавање почит и положување свежо цвеќе на вечните почивалишта на починатите претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров, од страна на владина делегација предводена од претседателот на Владата, Зоран Заев.
Премиерот Заев на положувањето цвеќе на Градските гробишта во Бутел, беше придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Мила Царовска, министерка за образование и наука и Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.
Венци со цвеќе положија и официјалните делегации на Претседателот на државата, на Собранието, на Министерството за одбрана и Армијата, Сојузот на борци, претставници на политичките партии, дипломатскиот кор и на Град Скопје.