Во Љубљана е во тек судењето против Јулија Адлешиќ, нејзниот сопруг и неговите родители, кои се осомнилени за обид за измама за сума поголема од еден милион евра откако Јулија останала без едната шака.
Обвинителот Седин Кичин предложи судот да ја осуди првообвонетата Јулиј на 4,5 години затвор, нејзиниот партнер Себастиен Абрамов на пет години, неговата мајка Тинка Хускиќ Коларич на четири години, а нејзиниот сопруг Горазд Цоларич на една година затвор.
Јулија во јануари 2019 година си ја отсекла левата рака. Таа тврди дека се работи за несреќен случај кога сечела гранки со електрична пила, додека Обвинителството смета дека таа тоа го сторила намерно за да добие надоместок од осигурувањето. На тоа ја наговорил Абрамов, а во измамата, според Обвинителството, биле вклучени и неговите родители. Абрамов, непосредно пред повредата, договорил животно осигурување и осигурување во случај на несреќа на Јулија кај пет осигурителни друштва.
Според обвинителот, требало да земе најмалку 1,22 милиона евра отштета во случај на инвалидност. Тој пред судот истакнал и оти обвнинението го потврдиле и мислењата на медицинските и машинските вештаци оти Јулија се повредила намерно.
Борис Гробелник, адвокатот што ја брани Јулија, е уверене дека постапката не докажала оти неговата клиентка ги сторила наводните кривични дела.