За осум лица вкупно 124 години затвор за убиството на новинарот Кашоги – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/20 6:34 AM

За осум лица вкупно 124 години затвор за убиството на новинарот Кашоги

Вчера се соопштени крајните пресуди за инволвираните во убиството на новинарот Џемал Кашоги, јави државната телевизија на Саудиска Арабија.

Кривичниот суд донесе пресуди за осуммина обвинети. Петмина добија максимална затворска казна од 20 години, еден доби десетгодишна затворска казна, додека двајца по седум години, пренесува П.

Судењето беше критикувано од групите за човекови права, и од независен истражител на Обединетите нации, кој забележа дека ниту еден висок официјален претставник, како ниту еден осомничен за нарачка на убиството, не е прогласен за виновен.