СП 2018: Поставени рекорди по број на автогола и најбрз жолт картон – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/18 9:27 AM

СП 2018: Поставени рекорди по број на автогола и најбрз жолт картон

На Светското фудбалско првенство во Русија срушени се два рекорди. Првиот е по бројот на голови дадени во сопствената мрежа, а вториот е по жолт картон добиен во најбрзо време.

Голманот на Швајцарија, Јан Сомер, синоќа против Костарика (2:2) и дефанзивецот на Мексико Едсон Алварез, се стрелци на седмиот, односно осмиот автогол на Мундијалот 2018 со што е срушен досегашниот рекорд во оваа категорија.

Претходниот рекорд беше поставен на Светското првенство во Франција пред 20 години кога фудбалерите шест пати ја пратија топката во сопствениот гол.

Во категоријата најбрз жолт картон нов рекордер е Хесус Гаљардо од Мексико кој синоќа на средбата со Швајцарија „пожолти“ по само 15 секунди игра.