Поранешна манекенка вбризга ботокс во вратот иако е бремена: Фановите ја осудија! – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 10:05 PM

Поранешна манекенка вбризга ботокс во вратот иако е бремена: Фановите ја осудија!

Поранешната манекенка, Криси Тиген е бремена по трети пат, па како што објави, ја мачат силни главоболки. За ова таа им се пожали на своите обожаватели преку социјалните мрежи и објасни дека се одлучила за ботокс со надеж дека така ќе го реши проблемот.

Самата оваа процедура и’ била препорачана од лекар, а пластичните хирурзи веќе некое време предлагаат решение за јаките мигрени во облик на нехируршка процедура со ботокс. Се работи за стимулирање на периферните нерви за сите оние што се борат со некаков хроничен проблем, за кој вообичаените лекови не даваат резултати.

Имам силни главоболки во бременоста па воодушевена сум што ми одобрија да користам ботокс во вратните мускули. Со недели ми беше исклучително лошо, но сега го гледам светлото на крајот од тунелот – напиша триесет и четиригодишната сопруга на пејачот, Џон Леџенд. Дел од корисниците на Инстаграм и’ забележаа поради тоа и додадоа дека тоа не е многу препорачливо кога жената е бремена.

Воопшто не ми е гајле – напиша Тиген.

 

Извор: vecernji.hr