После три години правна постапка, хомосексуална двојка успеа да посвои две деца и на тој начин да стане првиот истополов згрижувачки пар во Хрватска, беше објавено денес во Загреб.
– Сакаме официјално да потврдиме дека Младен Кожиќ и Иво Шегота станаа првиот хомосексуален пар во Хрватска кој успеа да посвои две деца и планира да ги посвои повеќе – рече претседателот на Здружението на семејството „Виножито“, Даниел Мартиновиќ на прес-конференција на Марковиот плоштадот во Загреб.
Тој нагласи дека со ова заврши тригодишниот пат, што беше потребно за целата правна постапка да докаже дека животните партнери во Хрватска треба да ги имаат истите права како и сопружниците.
Мартиновиќ рече дека Кожиќ и Шегота повеќе нема да даваат изјави за новинари, бидејќи, според упатствата на Центарот за социјална работа, не може да се споделуваат информации за децата, но додаде дека тие се многу среќни и минуваат низ се што прават другите семејства.
Тој изјави дека друга хомосексуална двојка аплицирала за згрижување и дека уште неколкумина размислуваат за тоа.
– Секој е заинтересиран за посвојување, бидејќи паровите кои се згрижувачки родители, без разлика дали се стрејт или хомосексуалци, често сакаат да посвојат згрижувачки деца. Ние ќе се бориме и ќе следиме дали тие ќе го искористат правото на посвојување – потенцира Мартиновиќ.
Во февруари годинава, Уставниот суд на Хрватска утврди дека хомосексуалните парови можат да посвојуваат деца под истите услови како и другите граѓани, нагласувајќи дека не смее да има дискриминација поради сексуална ориентација.
На одлуката и претходеше повеќемесечна борба меѓу животните партнери Иво Шегота и Младен Кожиќ, на кои двапати им беше одбиено барањето за згрижување од Центарот за социјална работа, иако Управниот суд донесе обврзувачка пресуда во нивна полза, нагласувајќи дека парот има целосно право на тоа, дека не треба да бидат дискриминирани во таа постапка.
Среќни се, им читаат приказни, заедно готват, заедно го шетаат миленичето, а заедно беа и на море, пишуваат хрватските медиуми.
Извор: republika.rs
Фото: vecernji.hr