Завршено е снимањето на ” Exit life Stream festival”, првото емитување сплоти 400.000 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 3:31 PM

Завршено е снимањето на ” Exit life Stream festival”, првото емитување сплоти 400.000 луѓе

Со звуците на „ Алелуја “ од Леонард Кохен, заврши четиридневниот Life Stream festival, на кој со поддршка од Светската програма за храна од ОН настапија некои од најголемите електронски изведувачи од светот. Иако е до почетокот на емитувањето на настапот останаа точно 10 дена, судејќи по 400.000 прегледи на првото емитување, публиката од целиот свет нестрпливо ги чека снимките од четирите дена на Петроварадинската тврдина.

На премиерното емитување настапува техно дивата Charlotte de Witte како една од најспектакуларните продукциски материјали оваа година, а EXIT  е еден од ретките музички фестивали на планетата кој наместо виртуелен свет на публиката и нуди полнокрвно живо искуство.

За публиката на располагање се само 250 влезници и тоа за просторот на mts Dance Arene која во нормални околности прима 25.000 луѓе. Здравствените мерки беа построги од ноие пропишаните од кризниот штаб, а публиката со ограда беше поделена во зони кои се на безбедно растојание една од друга, а во една ограда можат да бидат максимално 5 луѓе од иста група на пријатели.

Exit Life Stream беше отворен на 3 септември со интернационалниот панел „ Свесна музика“.

 

 

извор : rtv.rs