Има една добра изрека која вели дека правото е една од најголемите лекувачки професии. Додека медицината го лекува телото, а свештенството ја лекува душата, правото ги лекува општествените празнини и пропусти.
Според продеканката на факултетот Доц. д-р Елена Максимова, правото е професија во која се влегува со желба да се направи промена во општеството во кое живеете, а единствено оружје со кое може да се издвојува победа е разбирањето на прописите и процесите.
– Нашиот факултет располага со разнобојна палета со активности со кои студентите уште при студирањето темелно се подготвуваат за реалниот дел од професијата по дипломирањето. Покрај наставата која е во рацете на одлични професори кои се секогш достапни на студентите, во склоп со предавњата неизбежно имаат практичен дел кој значи посета на институции, предавања од експерти од пракса и слично. Изобилуваме со воннаставни активности кои им го зацврстуваат на студентите материјалот поминат на предавња и им го надградуваат. Правната клиника им нуди можност за давање на бесплатна правна помош преку која студентите се соочуваат со реални случаи и проблеми, истражуваат и пишуваат. Клубот на оратори ги подгорува и им дава насока на реторските вештини на студентите, за беседништво и за дебатирање. Ануелната ораторска вечер пак им нуди можност да се натпреваруваат со нивен оригинален оговор, каде покрај тоа што нивниот глас ќе допре до стотици во публика и илјадници кои следат онлајн, имаат можност и за добивање парични награди доколку освојат едно од првите три места, информира продеканката Максимова.
Правниот факултет располага и со високо опремена судница – една од ретките на Балканот која е правена согласно процесните потреби кои ги наметна новиот закон за кривична постапка. Ваквата судница освен што им овозможува на студентите да ја побијат првичната трема како што вели Максимова, отвора пат за организирање на национални натпревари.
– Правниот факултет е домаќин на ануелни натпревари во симулирани судења од областа на кривичната материја кои се одржуваат меѓу тимови студенти од сите државни правни факултети во земјата. Врвни и реномирани практичари се членови на комисија која ги оценува нивните правни вештини, способности и покажано знаење. Нашите студенто две години по ред земаат прво место. Клубот A fortiori работи со студенти кои сакаат да стекнат подлабински знаења од областа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права и Европската конвенција. Тим од студенти секоја година се натпреварува во некоја од земјите од регионот, заедно со тимови од 8 правни факултети од регионот, на FUTURA Moot court натпреварите организирани од Civil right defenders. Сертификатот кој го добиваат потврдува дека нивното искуство заемнува десет недела пракса во ЕСЧП, вели продеканката Максимова.
Правниот факултет има и свое студентско списание „Students social science journal“ со меѓународен уредувачки одбор кое излегува двапати годишно. Факултетот е домаќин и на годишна меѓународна конференција, а студентите имаат можност да учествуваат и на летни школи и семинари.
Годинава студентите можат да се запишат на Правни студии во Штип и Струмица и Медиумски студии и односи со јавноста во Штип.
Од факултетот се подготвени и нетрпеливи за старт на новата учебна година. Како што вели продеканката Максимова, иако преферираат физичко присуство , онлајн наставата минатиот семестар се одвивала успешно и се подготвени да продолжат така доколку протоколите го налагаат тоа.
Во прилог ви нудиме две успешни студентски приказни:
- M-р Ангел Кулаков, како еден од најдобрите студенти кои студирале на овој факултет, Правниот значеше отскочна даска за градење на светска кариера!
Првенец во генерација, вработен во Обвинителството при Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, магистриран со почести во областа на меѓународно право на Универзитетот Лајден, најстариот универзитет воХоландија. Сега вработен како правник при Механизмот за меѓународни кривични трибунали во Хаг. - М-р Мартин Алексов по завршувањето на студиите работи во Европскиот завод за интелектуална сопственост во Аликанте, а денес работи во Европскиот парламент во Брисел.Мартин го препорачува Правен затоа што за него и денес е „ветар во грб и одговор на многупрашања.“