Таква почит Србија немала уште од времето на Тито: Вучиќ за снимките со Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 12:36 PM

Таква почит Србија немала уште од времето на Тито: Вучиќ за снимките со Трамп

Социјалните мрежи и медиумите на екс-југословенските простори викендов вриеја од коментари за снимките од Белата куќа, каде што српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Хоти, во присуство на американскиот претседател Трамп, потпишаа спогодба за економска соработка. Најкоментирана беше фотографијата каде што Вучиќ седи на обично столче пред бирото на Трамп („како учениче пред катедрата на строгиот учител“). На социјалните мрежи беа поставени илјадници фотографии со коментари како Тито бил пречекуван од американските претседатели, а како сега ги третираат српските,  хрватските лидери кои некако ќе успеат да се сретнат со американски претседател.

„Такво почитување не сме доживеале уште од Втората светска војна, од 1970, кога Ричард Никсон, заедно со Тито, беше во Белград. Оттогаш не сме имале толку почит, па разбирам што на некои им пречи тоа и што постигнавме добар договор во Вашингтон“, ги прокоментирал Вучиќ последните случувања.