Зголемени водостоите на дел од реките – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/18 9:18 AM

Зголемени водостоите на дел од реките

Зголемен водостој на Вардар кај Велес и Демир Капија, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Црна Река кај Новаци во однос на просекот за јуни, покажува хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи.

Пониско ниво од просекот за јуни има реката Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.

Нивото на Охридското Езеро е три сантиметри над дозволениот максимален водостој.

Нивото на Дојранското Езеро, пак, е три сантиметри  над јунскиот просек, а 11 сантиметри над договорениот максимален водостој, информира УХМР.