Индија соопшти дека ги отвора своите метро линии во главниот град Њу Делхи, кои превезуваат околу 2,7 милиони патници дневно, и покрај зголемувањето на случаите на Ковид-19, пренесува „Анадолија“.
Според веста на телевизијата НДТВ (NDTV), Индија, каде што по САД се евидентирани најмногу случаи со Ковид-19 во светот, повторно ја отвори метро мрежата во Њу Делхи, по 169 дена.
Патниците што ќе патуваат со метрото, кое превезува околу 2,7 милиони патници дневно, според новонајавените правила ќе мора да почитуваат некои мерки, како што се скрининг на температурата на телото, социјално растојание и помала употреба на готовина.
Дали мерките против Ковид-19 се почитуваат на метро станиците ќе се следи со инсталирани камери и разновидна електронска опрема. Метрото нема да се движи кон областите каде што има голем број случаи заразени со коронавирусот.
Во Индија, вкупниот број случаи со Ковид-19 достигна 4.204.613. До денес, во земјата починаа 71.642 лица од епидемијата.