Шеснаесетгодишна девојка почина по пад од трактор – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 9:24 AM

Шеснаесетгодишна девојка почина по пад од трактор

Шеснаесетгодишна девојка од село Габревци вчера го загуби животот откако паднала од трактор.

– На 06.09.2020 во 10.10 часот било пријавено дека на влез од с.Габревци, радовишко, 16-годишна малолетничка од с.Габревци, додека се возела на трактор „ИМТ 533“, кој бил управуван од нејзиниот дедо Ѓ.А.(60) од истото село, паднала и била прегазена од полуприколката, по што починала на местото на настанот, се наведува во билтенот на МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш.