Шестмина луѓе, исто толку професии, години и судбини, од три страни на ужичкиот крај во Србија ги поврза ова лето болеста и собата број четири на Инфетивното одделение во болицата во Ужице. Но, ете ги денес ведри, живи и здрави, пак заедно. Се зарекоа на дожиотно пријателство.
Наместо во болнички постели, меѓу четири ѕида и неизвесност, сега како друагри во кафеана покрај зелената Дрина, на топло јагнешко, пиво и вино. Ацо Јевтиќ од Рогачица, во сеќавање на болничките денови, направи собир на цимерите од Инфективното во сојот ресторан на брегот на Дрина. Од Златибор пристигнаа Ратко Миќиќ, Александар Илиќ и Раде Јоксимовиќ, а од Ужице Обрад Златиќ и Милисав Млаѓеновиќ. Го забетонираа другарството почнато во болницата.
„Другарувањео од болницата го пренесовме овде, крај Дрина. Ручавме, се изнаприкажавме, се потсетивме на болничките денови, на короната, дадовме збор дека во иднина редовно ќе се видуваме, а следната средба ја закажавме покрај езерото Перуќац“, вели Ацо Јевтиќ за белградски „Блиц„.