(ВИДЕО) Карма за Ѓоковиќ: „Зошто не ме суспендираат“ – одговори тој на новинарско прашање зошто агресивно удира топчиња – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 8:57 AM

(ВИДЕО) Карма за Ѓоковиќ: „Зошто не ме суспендираат“ – одговори тој на новинарско прашање зошто агресивно удира топчиња

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера беше дисквалификуван од „УС Опен“ поради невнимателно удирање на топче кое ја погоди судијката.

Дека ова не е единствен инцидент, покажува и видео кое се рашири низ социјалните мрежи, на кое Ѓоковиќ се исмејува со новинар кој го прашува дали мисли дека агресивното удирање топчиња може скапо да го чини.

Имено Ѓоковиќ му одговара дека е „неверојатно“ што прашува такви прашања и прашува  ако тој цело време го прави тоа зошто тогаш не е суспендиран.

Новинарот на тоа му вели дека е „доволно блиску до тоа“ и дека ваквото удирање можело да биде сериозно и да повреди некој, на што Ѓоковиќ зема обрамбен став и вели „можеше да биде сериозно но не е, можеше и да врне снег денеска, но ете не врне“.