Филолошки факултет на УГД – вистинско место за сите идни професори по странски јазици и преведувачи – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 7:34 AM

Филолошки факултет на УГД – вистинско место за сите идни професори по странски јазици и преведувачи

Студирањето на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип нуди четиригодишно студирање во кое имате можност за избор на Наставна насока – со која ќе станете дипломиран професор по странски јазик или пак, насоката Преведување и толкување – со која станувате дипломиран преведувач. Интересно е тоа што по дипломирањето на една насока, постои можност да се полагаат предметите од другата и да се добијат практично две дипломи.

Според продеканката на факултетот, Доц. д-р Весна Коцева, изборот за факултет е една од најважните одлуки која треба да ја донесе секој млад човек затоа што таа трасира значаен дел од животниот пат по кој ќе чекори.

– Изборот на студиите треба да опфати повеќе важни аспекти, а тоа се: знаењето кое се стекнува за време на студиите, перспективите кои се отвораат со стекнатата диплома, но и задоволството кое како студент го добиваш од процесот на студирање. Студирањето на Филолошкиот факултет ги оспособува студентите на повеќе полиња, ги збогатува со бројни вештини потребни во реалниот сектор, значително ги унапредува комуникациски вештини и ги прави студентите сестрани познавачи во области кои се клучни за развојот и унапредувањето на општеството во кое живееме, вели продеканката Коцева.

Студентите можат да се запишат на некоја од следните студиски програми: Aнглиски јазик и книжевност – во Штип и Струмица,  Германски јазик и книжевност– Штип, Италијански јазик и книжевност – во Штип и Струмица, Италијански јазик и книжевност – Штип и Струмица, Турски јазик и книжевност – Штип, Француски јазик и книжевност – Штип и Македонски јазик и книжевност – Штип.

Филолошкиот факултет оваа учебна година доделува стипендии за прворангираните 60 новозапишани студенти а 20 се наменети за студенти на студиската програма Македонски јазик и книжевност. Во насока на мотивирање на идните студенти, Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одлучи со сопствени средства да го финансира студирањето во првата учебна година. Ваквата одлука доби поддршка од раководството и од наставниот кадар.

Со оглед на тоа што студентите можат да добијат две дипломи и да бидат и професори и преведувачи, продеканката го потенцира фактот дека стручен кадар од овие области со години не е евидентиран како невработен о Државниот завод за вработување.

– На Филолошкиот факултет во Штип студентите имаат можност да се вклучат во работата на Книжевниот клуб „Кула“ и во подготовката на списанието „Кула“. За време на предавањата и вежбите, пак, имаат можност да работат на развивање на сопствената креативност преку пишување есеи, поезија и проза. Анализата на литературните дела кои се дел од студиските програмиим овозможува на студените да го подобрат сопствениот стил на пишување и креативно изразување.Предложениот Закон за употреба на македонскиот стандарден јазик предвидува вработување лектори во сите јавни институции и во медиумите (електронски и пишани), како и зголемување на бројот на лекторатите за македонски јазик во странство, во кои ќе се изучува македонскиот јазик. Ако се применува правилно овој Закон, тогаш потребата од кадар секако ќе се зголеми, потенцира продеканката Коцева.

Факултетот е подготвен за новите студенти, безразлика како ќе се одвива наставата. Со оглед на искуството од минатиот семестар, продеканката Коцева смета дека нема да има проблем ниту со наставата ниту пак со испитните сесии.

– Студентите редовно ги следеа предавањата, покажаа заинтересираност за новиот начин на учење на далечина и многумина се изјаснија дека го претпочитаат ваквиот начин на студирање поради флексибилноста на термините. Ние работиме со помалку бројни групи на студенти и во договор со нив ги утврдувавме термините за аудио и видео настава. Преку платформата Мајкрософт Тимс се одржаа и три одбрани на магистерски трудови без никаков проблем, вели продеканката Коцева.

Со вас споделуваме и две успешни приказни од Филолошки факултет: