Турција: Градината со пеперутки во Коња, природното живеалиште за пеперутките од тропските земји
Тропската градина со пеперутки во областа Селчуклу во Коња е преплавена со посетители за време на пандемијата, јавува агенцијата Анадолија (АА).
Тропската градина со пеперутки во Коња е една од ретките градини со пеперутки во светот, а има вкупна површина од 7.600 квадратни метри.
Обезбедувајќи природно живеалиште за пеперутките што доаѓаат од тропските земји, градината, исто така, вклучува 20 илјади растенија од 106 видови, а исто така е дом и на различни животни.
Тропската градина, која има најголем простор за летање на пеперутките во Европа, е дом на илјадници шарени пеперутки од 45 различни видови.
За да се создаде тропска клима во градината се одржува постојана температура од 28 степени и влажност од 80 проценти. Пеперутките доаѓаат од тропските земји како Филипини, Кенија и Костарика.
Највпечатливата пеперутка од Градината на тропски пеперутки е најголемата пеперутка во светот, „атлас“. Донесена е од Филипините. Пеперутката „атлас“, која има кафени тонови, има распон на крилјата околу 28 сантиметри. Таа привлекува внимание кај домашните и странските туристи.
Во соопштението на Општината Селчукли, каде што се наоѓа градината се вели:
„Во нашата градина имаме околу 10 илјади пеперутки од 45 различни видови, а се роди и најголемата пеперутка во светот, атлас. Атлас, која е најголема пеперутка на светот, е позната по тоа што лета во ноќните часови, а преку ден спие.“