Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван на УС Опен, во натпреварот против шпанецот Пабло Карењо Буста. Откако шпанецот направи брејк во единаесеттиот гејм на првиот сет, Ѓоковиќ нервозно ја удри топката која ја погоди линиската судијка во глава, после што следуваа мачни моменти во кои на линиската судијка и се пружаше медицинска помош.
После извесно време судијата и директорот на турнирот донесоа одлука за дисквалификација на светскиот рекет број 1.
бриф.мк