„Нема да се откажеме од државата“, во Подгорица протест против новата влада – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/20 8:43 PM

„Нема да се откажеме од државата“, во Подгорица протест против новата влада

Според проценките на полицијата, 50.000 демонстранти се собраа на плоштадот „Независност“ во Подгорица во неделата вечерта да го изразат незадоволството од новата влада во Црна Гора, предводена од просрпската коалиција „За иднината на Црна Гора“, која е поддржана и од Српската православна црква.

Собраните скандираат „Не ја даваме државата“ и ја пеат „Бела Чао“, а забележливо е дека тие не носат партиски, туку исклучиво на државни обележја.

„Колони возила со граѓани од правец Никшиќ, Даниловград и Цетиње се уште пристигнуваат“, соопшти црногорската полиција, наведувајќи дека нема оперативни информации дека на митингот може да се случат инциденти, како што претходно објави просрпската опозиција.