Со Мишо имав живот, кој ретко која жена го доживува во мои години, вели Цветнка Ласкова, некогаш популарна пејачка, а денес советник за култура на премиерот Зоран Заев. За неа и незјиното семејство веќе 12 години секој шести септември е тажен ден. На овој ден се одбележува смртта на нејзиниот сопруг Мишо Кан, кој по осум години во 2008 ја изгуби битката со болеста. Мишо сите го познаваа како ведар и насмеан човек, сеќавањата за него и ден денес се такви, а за љубовта која ја имаа со неговата сакана Цеце ја раскажуваа секогаш. И денес, откако веќе 12 години физички не е меѓу своето семејство, тие го посетуваат неговиот вечен дом и се сеќаваат на неговата добрина, безгранична љубов и совети кои им ги дал.
-Така беше и денес. Го посетивме неговиот вечен дом и целиот ден ќе биде така, тага и убави спомени. Беше многу добар човек со големо срце, креативец невиден. Многу го сакаше животот и до последната секунда се бореше. Ние последните месеци ги поминавме во „Сју рајдер“ и секогаш ќе бидам благодарна на екипите, кои максимално се трудеа. Благодарение на нив и на неговата желба за живот го одложи заминувањето. Осум години се бореше со болеста. Јас од него, знаејќи дека се ближи крајот на разделбата, добив совети за тоа како да живеам кога ќе оставанам без него, што да правам и како понатаму сама. Ние бевме невидена спојка. Тој место себе, мене ме жалеше, дека ќе се разделиме и ќе останам. Бидејќи знаеше што ќе ми се случува. И се случува, 12 години е истото, 12 години сум сама. Љубовта не завршува кога човек заминува, таа ќе си остане. Има луѓе кои се преполни од што сакаат да дадат љубов. Меѓутоа кога ќе ја доживееш вистинската љубов е многу тешко повторно да засакаш. А ја носиш љубовта во себе, но е тешко, вели тажно Ласкова присетувајки се на животот со сопругот Мишо.
И вистина, сите што го знаеја и ден денес го паметат неговиот ведар дух. На крајот на краиштата животот е тоа. Кога ќе се замине во вечното почивалиште, зад себе да остави само убавини. А сето ова, пак, на сите нам ни кажува дека човек треба да се радува на малите нешта, тоа ја прави среќата голема да е.
-После се јас би кажала дека човек навистина треба да обрнува внимание на сите малку среќи што му се случуваат секојдневно, бидејки сите малку среќи ја прават големата за која сега зборувам. Таков беше и Мишо. Се трудеше да го живее животот. Знаејќи дека веќе се ближи крајот и ние отидовме на крстарење со брод. Јас мислам дека тие убави моменти потоа му го продолжија животот. Тој никаде не одеше без камера. Целото крстарење го снимаше. Потоа го монтираше и направи филм. Бараше среќни и убави моемнти за да заборави на болките. Тоа се силни личности, свесни за тоа што им се случува. Дури на мене и син ми даде аманет како понатаму да живееме без него, раскажува таа.
А се живее, со спомените, со убавите сеќавања на една љубов, кој и ден денес трае, без оглед на се. Цветанка вели дека изреката дека времето лечи се, не е вистина.
-И покрај сите несреќи јас сум среќна жена што скоро 30 години го живеев животот со таков партнер и ги жалам сите оние кои не го доживеале тоа чувство. Споменот си останува додека сум јас жива, ќе се потсетуваме секоја година на овој датум и навистина многу е важно кога човек ќе замине дали остава позитивни траги зад себе или не. Мојот покоен сопруг и тоа како остави такви траги и не само јас туку и мои блиски многу често го споменуваат. Тоа е убавото. Тоа е животот. Вучето кога ќе ме праша- бабо, дедо Мишко сега од горе не гледа?. Секогаш кога ке ја види сликата. Не гледа затоа што иако физички не е тука, живее со нас. Независно колку години поминале. Велат времето лечи се ама јас не гсум баш сигурна дека е така, вели Ласкова.
Но, животот мора да се живее. Човек се учи да живее како со среќата така и со болката. Да се радува на секојдневни мали нешта, но и на големи, како што е раѓањето на внукот Виктор.
-Кога дознав дека ќе имам внук бев прсреќна. Семејството очекуваше дека внукот ќе добие име по мажот ми, но во тоа време јас бев многу активен борец за женските права и ја водев организацијата на жени на СДСМ. Бев во кампот на слободата пред влада, таму живеев. И кога ми кажаа дека ќе добијам внук бев пресреќна. Си посакав две нешта. За Нова Година најголемите желби ми беа да ми се роди здраво и право внуче и режимот да падне. Кога тоа го посакав и не претпоставув дека овие две желбу ќе ми се исполнат во ист ден. На 18 јануари ми се роди внучето и Груевски си даде оставка. И кога се роди син ми и снаа ми ми соопштија дека одлучиле внучето да ми се вика Виктор. Сите беа изненадени што не се вика Мишо, но името на внучето има историја, додава таа.
Фото: Фејсбук/ приватна архива