Филипче: Скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/20 11:27 AM

Филипче: Скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа вели дека скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија.

„Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа.“, вели министерот.