На протестите во Германија судир меѓу полицијата и демонстрантите – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/20 10:20 AM

На протестите во Германија судир меѓу полицијата и демонстрантите

Во германскиот град Лајпциг настана судир меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против зголемувањето на наемнините за домување и поради населувањето жители со високи примања во регионот со ниски примања, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на полицијата на државата Саксонија, Менди Хајман, истакна дека демонстрантите во областа Коневиц фрлале со камења кон полицијата и зградите.

Таа истакна дека демонстрациите биле прекинати од страна на полицијата поради тоа што прераснале во немири.

Според информациите на Германската новинска агенција (DPA), по завршувањето на демонстрациите, во споредните улици имало судири помеѓу полицијата и демонстрантите и биле приведени голем број луѓе.

Поради настанатите инциденти трамвајскиот сообраќај во регионот бил стопиран. За време на инцидентите, полицијата презеде обемни безбедносни мерки.

анадолија-aa.com.tr