Мигрената може да предизика инвалидитет – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/20 1:45 PM

Мигрената може да предизика инвалидитет

Мигрената во Италија ќе биде признаена како болест која предизвикува инвалидитет.

Италјанскиот сенат, горниот дом на парламентот, одобри нацрт закон со кој мигрената и тешката главоболка се вклучуваат во болестите кои предизвикуваат инвалидитет, пишува италјански ” Manifesto”.

Повеќе од 26 милиони италјанци патат од главоболка, од кои 75 отсто се жени, а осум милиони патат од хронична мигрена.

-Оние кои патат од мигрена имаат комплициран живот и често не им се верува. Конзумираат лекови против болка, кои немаат долгорочни ефекти, а тоа на пациентите ги чини најмалку 2.600 евра годишно, не рачунајќи ги тешките ефекти во личниот и професионалниот живот- рече сенаторката Паола Болдриним, една од потписничките на законот.

Со овој закон, мигрената ќе биде признаена на национално ниво како болест која предизвикува инвалидитет, што е прв чекот за точна дијагноза по пат на специјалистичкиот центар којшто се отвора во цела Италија.

 

извор : https://www.telegraf.rs/