. Домашните кореографи ѝ приредија на публиката вечер за паметење. Покрај четирите македонски авторски кореографии – „ИДЕНТИТЕТИ – Историја на еден растегнат сон“, „ДОМА“, „Нејзин простор“ и „Кинцуги“, публиката имаше можност да ја види американската “Consent” на Меган Бриџ, аудиовизуелниот перформанс “RED” на Шамел Питс и првиот македонски танцов филм на кореографката Адријана Данчевска, дел од перфомансот „ДОМА“.
Денес, како дел од отворената дневна програма Танцуваме со Виталија, поддржана од Виталија, долгогодишниот партнер на Танц Фест, на отворената сцена настапуваат танцови студија од ширум земјата и тоа “Reverence” од Струмица, „УЛТРА“ од Куманово, „Анабела“ од Велес, танцовото студио „АКВА“ со најмладите учесници и “Beatrix Crew” од Скопје.
Како дел од вечерниот репертоар, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во парк МКЦ како дел од програмата ФОКУС:САД ќе се претстават “GAMER” на Кристин Бонансеа и “Morphic Resonance” на Меган Бриџ. Македонските танчери ќе ги изведат “God Speed” и “Outline” на кореографот Дејан Битровски, „Јас и Сара – Општествена критика“ и „Гробно место“ на Бобан Русески, ”Dream State” на Валентино Апостоловски, „Кратко патување до непознато место“ на Тереза Лазарев и “Once upon a crawl” на Сара Цветковска, апсолвентки на УГД.