Долги колони од вчера се создаваат на границата меѓу Србија и Црна Гора, откако Црногорците за граѓаните на Србија ги олабавија корона-мерките, па сега таму може да влезат само со евтин серолошки тест.
Има долги колони од Срби кои сакаат да ја искористат последната шанса ова лето да отидат на море, па на влез во Црна Гора се чекало и по повеќе од еден час, пренесуваат српски медуми.