Половина година поминуваме под туш. Најчестите грешки при туширање – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/20 7:30 PM

Половина година поминуваме под туш. Најчестите грешки при туширање

Според статистиките секој од нас минува година и половина во тоалетот, од кои половина година се тушираме. Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што хигиената игра значајна улога во нашиот живот. Најчестите грешки што ги правите при туширање.

Според статистиките секој од нас минува година и половина во тоалетот, од кои половина година се тушираме.

Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што хигиената игра значајна улога во нашиот живот.

Најчестите грешки што ги правите при туширање:

Не се туширате веднаш по вежбањето

Туширањето по вежбањето не е задолжително само поради лошиот мирис, туку и поради бактериите кои при потењето растат на вашата кожа. Лесно може да добиете осип.

Ги бричите нозете пред посетата на салон за педикир

При бричењето може да направите некоја раничка на нозете преку која лесно може да се инфицирате во салонот за педикир.

Не правите драстични разлики во температурата на водата

На крајот од туширањето пуштете врз себе млаз студена вода. Овој благ шок на организмот ја зголемува отпорноста на стрес, го зајакнува имунитетот и делува како антидепресив.

Сепак, не правете го ова пред спиење затоа што може да ви предизвика несоница.

Секој ден ја миете косата

Луѓето со тенка и слаба коса треба да избегнуваат често миење. Идеално е два пати во седмицата за да имате природен баланс на влажноста на косата на главата.

Исто така, запомнете дека премногу шампон ја иритира и суши кожата, а водата ги измива добрите бактерии, па ризикот за развој на инфекции е поголем.

Ја виткате косата со пешкир

Откако ќе се навлажнат, влакната се многу посклони на деформирања и стануваат кршливи. За да го избегнете ова не ја обвивајте косата во пешкир по миењето.

Исто така, со овој потег креирате ефект на сауна на вашата глава, лојните жлезди почнуваат да работат поактивно и како резултат на тоа косата побрзо се мрси.

Заборавате на редовното чистење на главата на тушот

Со долготрајно користење на главата од тушот се формира слој, кој може да биде штетен за здравјето.

Најчесто бактериите што се таложат тука се поврзуваат со некои белодробни заболувања.

Го користите сапунот неправилно

Ако користите сапун, тогаш прво осигурајте се дека прво сте го поминале со млаз вода, па потоа го се миете со него.

На тој начин бактериите од него нема да дојдат во допир со вашата кожа.

Го оставате бричот кај тушот

За да спречите бактериите да се размножат на вашиот брич, ставете го на сув пешкир. И, се разбира, редовно менувајте го.

Предолго го користите истиот пешкир

На влажните пешкири бактериите се размножуваат ако не ги исушите правилно.

Некои микробиолози одат дотаму што советуваат дека еден пешкир треба да се користи максимум само три пати. Но, дури и да не одите во таква крајност, сепак треба да ги менувате редовно.

Не ја миете туш кабината/кадата веднаш по капењето

Влажната околина овозможува развој на бактериите како Ешерихија коли.

Редовното миење на кадата или туш кабината ќе спречи инфекции.

 

 

извор : здравство.мк