Тајванската противвоздушна одбрана урнала кинески воен авион? – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/20 8:35 AM

Тајванската противвоздушна одбрана урнала кинески воен авион?

Авион на кинеската војска „Су-35“ се урнал вчера по прелет над Тајванскиот Мореуз. Според неофицијални извештаи, наводно го погодила тајванската противвоздушна одбрана по влегувањето во нејзиниот воздушен простор и прелетот над Јужното Кинеско Море.

Засега нема официјални податоци освен снимки што се појавиле на интернет. Чудно е што авионот се урнал во кинеската автомомна провинција Гуангси, која се наоѓа на 800 километи од спорното подрачје. Пилотот бил тешко повреден и извлечен на носила.

Според порталот „Аирливе“, луѓе виделе дека таков авион го прелетал Јужното Кинеско Море. Наводно, било практика, кинеските пилоти да дбиваат наредби во никаков случај да се слетуваат на непријателска територија.