Бананите се најраспространетото овошје. Се одгледуваат во најмалку 107 земји во светот.
Бананите се овошје кое е полно со витамини, а корисните хранливи материи во нив се чувари на здравјето. Тие се едни од нај консумираните овошја во светот, со добра причина.
Борба против грчеви – минералните недостатоци се честа причина за грчеви во мускулите. Со консумирање на производи богати со калиум и магнезиум, како бананите, истите можат да бидат спречени.
Спречување на болести на бубрезите – храната што содржи доволно калиум помага во спречување на појавата на камења во бубрезите. Според едно истражување, редовно консумирање на банани исто така може да ја намали можноста од малигни заболувања на бубрезите за 40%.
Силно срце – исхрана богата со калиум се препорачува на оние кои имаат висок крвен притисок и кои се подложни на кардиоваскуларни заболувања. Дневна консумација од 2 до 3 банани го намалува ризикот од срцеви проблеми за 26%.
Чисти крвни садови – холестеролот е главната причина за васкуларна опструкција, што доведува до атеросклероза. Бананите содржат фитостерол кои помагаат во намалување на нивотот на холестерол во крвта, а со тоа го одржуваат здрав васкуларниот систем.
Здрав дигестивен систем – бананите се препорачуваат за лицата кои имаат чирови и оние во ризичната група. Тие содржат посебен ензим кој ја зголемува секрецијата на слуз кој ги штити ѕидови на дигестивниот систем.
Извор на енергија – изобилството на витамини и минерали во бананите се голем извор на енергија. Простите јаглехидрати брзо се варат и го надополнуваат изворот на енергија.
За добро расположение – бананите содржат допамин или „хормонот на среќата“ и заедно со Б витамините позитивно влијаат на нервниот систем. Овие карактеристики овозможуваат бананите да бидат вклучени во листата на храна која треба да се јаде ако се чувствувате нерасположени.