По вчерашното поптишивање на спогодбата помеѓу Србија и Косово во Белата куќа во Вашингтон, српскиот претседател Александар Вучиќ се пофали дека од американскиот колега Доналд Трамп добил на подарок клуч од Белата куќа, со кој, како што рече, секогаш ќе може да се влезе во Белата куќа, а, исто така, Трамп го дарувал и со пенкало.
„Ова е пенкалото што го добив од Трамп. Само тој се потпишува со него, како што ми напиша на порака на ливче“, рекол Вучиќ пред новинарите, пренесуваат балкански медиуми. Но, додаваат и дека на фотографиите можело да се види оти Вучиќ, Авдулах Хоти и Трамп истовремено ја потпишуваат спогодбата, а Вучиќ најверојатно сам си го задржал Трамповото пенкало како сувенир.
На социјалните мрежи веднаш почнале да кружат шеги дека Вучиќ му го украл пенкалото на Трамп, но и оти српскиот пред американскиот претседател седел како учениче пред катедрата на учителот (фото).