Во Литванија вчера пристигна контингент американска војска со тенкови, кои во следните два месеца треба да бидат дислоцирани на границата со Белорусија. Распоредувањето се случува во време на зголемени тензии меѓу Запад и Русија со можно евентуално испраќање руска војска во Белорусија.
Војниците стигнаа од Полска, за реализација на претходно планирани воени вежби, треба да започнат во средината септември. Според литванските власти, вежбите се од одбранбен карактер и не биле насочени против никој од соседите, вклучувајќи ја и Белорусија.
Од литванската армија соопштија дека во мисијата, која ќе трае до ноември, ќе биле ангажирани 500 американски војници и 40 транспортни средства, како и тенковите „Абрамс“ и оклопните транспортери „Бредли“.
Не се соопштува дали војниците ќе останат во Литванија по завршувањето на вежбата.