Србија и Косово го потпишаа Договорот за економска нормализација – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 5:33 PM

Србија и Косово го потпишаа Договорот за економска нормализација

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот преимиер Авдулах Хоти во Белата куќа го потпишаа Договорот за економска нормализација под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој попладнево имаше поеднични средби со двајцата, а потоа и го потпишаа договорот.

По првиот ден од преговорите во Вашингтон, Вучиќ изјави дека за време на состанокот му бил презентиран нацрт-договор, во кој се споменува меѓусебно признавање и дека тој го отфрлил, додека Хоти не одговори дали имало таков предлог, но истакна дека „штетните договори за Косово, неприфатливи за Косово, никогаш немаат дојдено и нема да дојдат од „Белата куќа“.

Специјалниот пратеник на претседателот на САД за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, изјави дека „изненадувањата во преговорите се секогаш добри затоа што тие вршат притисок врз двете страни да направат повеќе, да создадат повеќе“.

фокус.мк