Цел на полициските контроли денес биле пешаците. Полицискиот билтен вели дека биле констатирани 33 прекршоци, од нив 23 за неправилно преминување на улица.
„На 04.09.2020 година СВР Штип во периодот од 10.00-15.00 часот спроведе акциска контрола на прекршоци што ги чинат пешаците. Притоа, биле констатирани 33 прекршоци од кои: 9 Штип, 12 Кочани, 3 Пробиштип, 1 Виница, 3 Делчево, 4 Берово и 1 Свети Николе. Најмногу од прекршоците биле за небезбедно преминување на улица -23 и пет за некористење тротоар за движење“, се вели во информацијата од СВР Штип.
За сите овие прекршоци изречени се соодветни санкции. Санкционирани се и 34 останати прекршоци.
Вакви контроли во текот на вчерашниот ден биле спроведени и во Велес, Кавадарци, Неготино и Тетово.
На 03.09.2020 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на терититоријата на Секторот за внатрешни работи Велес спроведена е контрола на пешаците кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа се констатирани 29 прекршоци, од кои, пет во Велес, 14 во Кавадарци и 10 во Неготино.
Во Полициската акција во Тетово откриени и санкционирани се вкупно 52 прекршоци. Најголемиот број од прекршоците се однесувале на небезбедно преминување на улица и на непочитување на светлосни сообраќајни знаци. Покрај ова, откриени се и осум други видови прекршоци.