Протестите против поскапувањата на струјата може и да се радикализираат – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 3:22 PM

Протестите против поскапувањата на струјата може и да се радикализираат

Нов протест притив поскапувањето на струјата е закажан за вечерва од 18 часот, во паркот Чаир. По собирањето во паркот Чаир, протестантите ќе продолжат со  марш  до Влада.

Главното барање останува исто, а тоа е враќање на цената на струјата од пред поскапувањето.

-Се’ уште се обидуваме со демоктарски средства и ќе одиме до крај. Ако нема слух ќе ги радикализираме протестите, па дури ако треба и со насилни средства. Тоа најмалку го посакуваме, но бараме тоа глуво уво да не’ слушне. Сега во најскоро време ќе бараме од шефовите на парламентарните групи да не’ примат на разговор. Ќе пуштеме јавен повик да не примат господата од Парламентот, бидејќи тие е таму поради нас, граѓаните, изјави

Аднан Вока од иницијативниот одбор на протестите. Вакви протести за денеска се најавени во Тетово, Кичево, Дебар, Гостивар, Прилеп, Битола и во други градови.

Какви промени донесе новата цена на струјата?

Според пресметките,  оној што плаќал 1500 денари месечно, сега ќе плаќа 100 денари повеќе. Кога ќе дојде грејната сезона, оние кои се греат на струја сериозно ќе го почувствуваат покачувањето, зашто на пример сметката од 6000 денари сега ќе им биде качена над 6400 денари

Енергетските компании и Регулаторната комисија поскапувањето го правдаат со тоа дека ние сме имале најниска цена на електричната енергија во Европа, не земајќи во предвид дека ние имаме и најмала плата, односно најниски лични приходи.

Според податоците на европската статистичка агенција Евростат, поевтина струја од Македонија земја меѓу трите најсиромашни во Европа, има во Србија, Косово и во Украина.

Според пресметките на платформата Рефлектор, направени врз основа на податоците објавени од Евростат, струјата во Македонија, како процент од просечната плата, е меѓу најскапите во Европа. Така на пример, еден мегаватчас електрична енергија во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата, додека на пример еден Исланѓанец троши само 3,4 отсто од платата за истата количина струја во неговата земја.