Славиша Спасојевиќ, наставник по математика и физика во основното училиште „Свети Сава“ во Модрича, Република Српска, вчера е отстранет од настава поради непочитување на мерката носење маска во затворено.
Ова за медиумите го потврди Златко Лазиќ, вршител на должноста директор на училиштето.
Лазиќ вели дека никогаш не наишол на вакво однесување и дека се обидел да ја реши оваа ситуација на сите можни начини, но Славиша цврсто стои на својата одлука да не носи маска.
-Наставникот Славиша Спасојевиќ веќе три дена одбива да носи маска во училницата. На првиот училишен ден, ние веднаш имавме двополчасовен разговор во обид да го убедиме колегата да ја следи препораката, но без успех. Денес, по две вербални предупредувања, напишав писмено предупредување, по што тој беше отстранет од училиштето, а ние обезбедивме соодветна замена. За утре Славиша најави дека ќе дојде на работа, но дека пак нема да носи маска “, рече Лазиќ и додаде дека случајот го пријавиле кај санитарниот инспектор, со цел да претходно го решија овој случај.
Наставникот Славиша Спасојевиќ, кој е во своите триесети години, последните денови објавуваше информации на својот Фејсбук профил за тоа како маската е „знак на послушност“, не верува во постоењето на корона вирусот и дека останува на ставот дека максата не треба да ја носи.
Тој исто така напишал дека размислува да направи маска од вреќа компири или рибарска мрежа за да ги исмее оние што ја носеле.
Независне новине