Кочани: На денот на ослободувањето, свечена седница на Советот и отворање на Драмскиот аматерски фестивал даф – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 2:43 PM

Кочани: На денот на ослободувањето, свечена седница на Советот и отворање на Драмскиот аматерски фестивал даф

Наталија Теодосиева и Васил Ангелов, се овогодишните добитници на највисоките  општински награди – за значајни оставрувања и за животно дело. Наградите ќе им бидат доделени на Свечената седница на 7 септември , во понеделник, со која што  ќе биде одбележан денот на ослободувањето на градот.

На седницата свое обраќање ќе има градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој ќе направи пресек на реализираните проекти во периодот меѓу двата празника.

На седницата ќе им бидат врачени и наградите на учениците на генерацијата, чија сума годинава е повисока од вообичаената, поради неможноста да го користат летувањето на Паг, во Република Хрватска.

Уметничкиот дел ќе биде доверен на ОМУ „Ристо Јуруков“, а по завршувањето на  свечената седница, со монодрамата „Лидија, или сѐ што знам за жените“ на Тихомир Јанчовски, ќе започне 57. Драмски аматерски фестивал, чии содржини ќе бидат распоредени до средината на октомври.

Настаните ќе се одржат на Споменикот на слободата во Кочани.