Депозитите до 30.000 од Еростандард банка ќе се исплаќаат еднократно во период од три години – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 1:45 PM

Депозитите до 30.000 од Еростандард банка ќе се исплаќаат еднократно во период од три години

Фондот за осигурување на депозити денес преку соопштение со објаснување на начинот околу исплатата на парите од Еуростандард банка.

Физичките лица-депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај се информираат дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократнои ќе биде достапен за исплата од денот на почеток на исплатата на обесштетувањето.

Поконкретно, во врска со вчерашната објава на Фондот за осигурување на депозити, појаснуваме дека секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

Но, правото на исплата на обесштетување не застарува. По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките-исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување.

Веќе се подготвува распределбата на депонентите по банки-исплатувачи и се изготвуваат потврдите за депозит, со цел процесот на исплатата на обесштетувањето да се одвива максимално ефикасно и едноставно. Во текот на следните денови ќе биде соопштен датумот на којшто ќе започне исплатата, се вели во соопштението од Фондот за осигурување на депозити.