ПРВ ДО ВРВ 2020 ќе се одржи на 27 септември – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 1:41 PM

ПРВ ДО ВРВ 2020 ќе се одржи на 27 септември

Во недела на 27 септември ќе се одржи осмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот, ПРВ ДО ВРВ 2020 на скопско Водно. Претходно, заради рестрикциите предизвикани од светската пандемија на коронавирусот, настанот не се одржа во својот редовен термин во мај.

Омилениот настан на Скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим-билдинг трка за компании. Традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата заради задолжителните мерки за заштита на учесниците.

Трките ќе се спроведат според пропишаните протоколи од здравствените авторитети во државата.

Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв со поддршка на градот Скопје и деловно-општествената заедница.