Најмалку 7 лица загинаа во пожар што избувна во фабрика за пиротехника во југоисточниот дел на Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случи во фабриката сместена во местото Кудалор во индиската сојузна држава Тамил Наду.
Официјалните лица потврдија дека животот го загубија 7 работници, а повредени се двајца.
Започната е истрага за откривање на причината за пожарот. Производството на пиротехника е многу развиено во Индија бидејки таа за време на фестивали, забави и празници се користи во големи количества.
Голем број фабрики за пиротехника работат со оскудни безбедносни мерки, што доведува до чести несреќи.
Во септември минатата година слична експлозија се случи во местото Батали во Пенџаб, во која животот го загубија 23 работници.