Дуото „Headwaters“ вечер ( 4 септември) во живо премиерно ќе се претстави пред скопската публика. Електричната гитара и клавијатурата на „Headwaters“ носат сосема ново музичко патување, а со тоа и „Intermezzo Music Rituals“ забавите во склоп на музичкиот бар добиваат една сосема нова и поразлична димензија.
По Тулум, Миконос и Бодрум конечно и во Скопје пристига најновиот и најтрендовскиот звук во електронската музика, кој Beatport го наслови како Organic House & Downtempo.
Момците во рамките на најавениот двочасовен сет ветуваат одлична забава, за што впрочем нема ни сомнеж, се разбира, кога ќе се погледне нивното портфолио.
Забавата стартува од 21 часот со локална поддршка на ConsatntinV и ќе трае до 1 по полноќ. Бројот на посетители е ограничен, а настанот ќе биде организиран според протоколите и препораките на Владата и МЗ.