Двегодишно дете на аргати се удави во село Долно Чичево кај Градско – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 11:37 AM

Двегодишно дете на аргати се удави во село Долно Чичево кај Градско

Дете на две годишна возраст, синоќа, било пронајдено удавено отворен канал за наводнување на  место викано „Рамниште“ во атарот на с ело Долно Чичево во општина Градско.

Детето било од скопската населба Шуто Оризари.Тоа со своите родители живеело на нива покрај лозовите насади на кои работеле мајката и таткото поточно биле ангажирани во берба на грозје.

Несреќата се случила во момент кога родителите заминале до Градско за да испазарат храна. Тогаш најверојатно детето, без да биде забележано од останатите грозје берачи, се упатило кон каналот со вода.

Бил повикан лекар од населба Градско кој ја констатирал смртта на детето. На неговото тело немало траги од насилство. Настанот бил пријавен во полициската станица. Екипа на СВР Велес извршила увид на лице место.  По наредба на јавен обвинител телото на детето е предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје.