Прослави, протести, собири литии е секојдневието во Црна Гора во последните месеци, а тоа продоложува и по изборите. Синоќа се одржал „патриотски собир во Цетиње“ пред манастирот во кој е седиштето на Митрополијата на Српската православа црква. На собирот немало говорници, а, како што велат организаторите, зад него не стоела ниедна партија. Се виореле само црногорски знамиња, а еден од организаторите изјавил дека „Србите мора да сфатат дека ние постоиме“.
Следниот ваков собир е закажан за в недела на Плоштадот на независноста во главниот град, Подгорица.