На Шара ќе се гради мост кој ќе делува превентивно во случај на големи поплави – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/18 2:19 PM

На Шара ќе се гради мост кој ќе делува превентивно во случај на големи поплави

Општина Тетово ќе започне да гради мост на патот Шипковица – Бродец. Овој инфраструктурен проект е повеќе од потребен, затоа што мостот ќе ги ублажи последиците од поплавите, кои ги има во овој Шарпланински регион после поголем пороен дожд.

Мостот ќе се гради со пари од Бирото за регионален развој и средства од Општина Тетово. Проектот ќе изнесува 7,7 милиони денари, а бирото ќе учествува со 3,5 милиони.

Мостот ќе биде долг 16 метри а широк 6,8. Изградбата ќе започне годинава.

Со ваквите проекти се запазува законот за рамномерен регионален развој, вели директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, кој денеска потпиша договор со градоначалничката на Тетово Теуат Арифи, во врска со изградбата на мостот на патот Шипковица – Бродец.

Наскоро се очекува Општина Тетово да добие помош од Бирото за регионален развој за изградба на патот до региналната депонија во гостиварско Русино.

Зоран Димовски