Дали некогаш сте користеле малиот џеб на класичните фармерки? Некои повремено го имаат користено за ставаже на металните пари, некои за запалка, но тоа всушност не е неговата оргинална намена.
Поголемиот дел од класичните фармерки имаат пет џеба-два од задната страна, два од предната и мини џебот, над десниот преден џеб.
Потеклото на целта на овој џеб се објаснува во службените записи на компанијата Levi Strauss , позната во светот по производството на фармерките.малиот или петиот џеб, како го нарекуваат некои дизајнери, се појавил на првата верзија, уште во 1873 година.
„ Оргинално служел како заштита за џебните часовници.Вметнат во дизајнот, за да можат каубоите да си ги заштитат своите часовници да им испаднат од фармерките, додека ги јават коњите и работат на своите ранчеви. Кога ги носеле на ланец околу вратот често се случувало да ги загубат“, образложуваат од компанијата.
Џебните часови подоцна се заменети со рачни часовници, но поголемиот број на производители не го променила дизајнот на фармерките и го задржале малиот џеб.