Владата го именува Фатмир Бесими за гувернер во ЕБОР – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 7:37 PM

Владата го именува Фатмир Бесими за гувернер во ЕБОР

Министерот за финансии Фатмир Бесими е именуван за гувернер на Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој. Одлуката е донесена на денешната владина седница.

– Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за именување на гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2019 година, информираат од владината прес- служба.