Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, доцна попладне и во ноќните часови и засилен ветер од северозападен правец.
Утре ќе биде сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој на места ќе надминува брзина од 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.
Во Скопје, ќе биде претежно сончево со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време, но со посвежи утра. Дневната температура од недела ќе биде во пораст.