Пет деца пронајдени мртви во стан во Германија, осомничена мајката – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 3:44 PM

Пет деца пронајдени мртви во стан во Германија, осомничена мајката

Тела на пет деца се пронајдени во стан во градот Солинген во Германија, соопшти полицијата, јавува BBC.

Полицијата  без податоци за причината на смртта на децата и дали има осомничени.Телата се пронајдени во стан во градот Солинген, близу Келн, јавила новинската агенција „DPA“.

Магазинот „Focus“, повикувајќи на неофицијални извори пишува дека „постојат многу индиции“ дека извршител на злосторството е мајката на децата. Се додава дека децата се на возраст од: една, две, три, шест и осум години.

Во извештајот на „Bild“ се наведува дека бабата ја алармирала полицијата дека нејзината 27-годишна ќерка убила пет од нејзините деца и дека излегла со уште едното дете за да се самоубие.

Бројни полициски сили се на терен и истрагата е во тек.