Судењето за „Монструм” продолжува на 10 септември – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 12:29 PM

Судењето за „Монструм” продолжува на 10 септември

Со сведочење на две лица предложени од обвинителството, на 10 септември продолжува рочиштето за предметот „Монструм”. Сведоците се од Центарот за известување и командување кој ја примиле дојавата дека во местото Враживир, на 13 април 2012 е пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковско Езеро, на 12 април.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

MIA